Најџел Фараж му помага на Доналд Трамп да ја победи Клинтон

Лидерот на заминување, на малата британска антиевропска Партија на независноста на Обединетото Кралство (УКИП) Најџел Фараж се приклучи на кампањата на Републиканската партија на САД, за да му помогне на Доналд Трамп да ја победи Хилари Клинтон.
На предизборниот митинг во градот Џексон, во сојузната држава Мисисипи, Фараж го храбрел републиканскиот претседателски кандидат да истрае во својата кампања, тврдејќи дека таа, таква каква што е, ќе му ја обезбеди победата на изборите.
Трамп им го претставил Фараж на Американците како „брилијантен лидер„ на УКИП и како предводник на кампањата за Брегзит што доведе до победа на референдумот за излегување на Велика Британија од ЕУ, по 43 години членство.
Фараж возвратил дека Трамп може да ја победи Клинтон, без разлика на сегашните прогнози, на истражувањата и на тврдењата на аналитичарите кои ја определуваат Хилари Клинтон како фаворит.
Британскиот политичар кој реши да се повлече од лидерската функција во партијата и покрај победата на референдумот, им порачал на Трамп, на републиканците и на нивните симпатизери дека носи за нив „порака на надеж и оптимизам„.
Во обраќањето на митингот, тој го уверувал Трамп дека зад него стојат „обичните луге„ на Америка и дека со нив може да победи, како што обичните луге во Британија застанале зад Брегзит и победиле на британскиот референдум.
Доналд Трамп беше единствен од странските политичари кој јавно го подржуваше Брегзит и излегувањето на Британија од ЕУ.
Ново на Сител
-

Официјална посета на Руте во земјава
-

Преглед на вестите од светот
-

Како ќе се враќаат Македонците од Блискиот Исток?
-

Владата ќе прогласи кризна состојба, ако ескалираат случувањата на Блискиот Исток
-

Владата да прогласи кризна состојба во Струга поради загадената вода за пиење
-

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте во официјална посета на Македонија
-

Тројцата полициски службеници обвинети за работењето на кочанската дискотека не се чувствуваат виновни
-

Од годинава три типа матура, гимназијалците на државна, стручните со право на избор
