Фудбал
22. April 2026 - 19:09

Најдолгото гостување во Македонија: Кратери осум часа патуваа за Силекс

Силекс ремизираше 1:1 на гостувањето кај Охрид во првото полуфинале од Купот, а поддршка имаше и од своите навивачи „Кратери“. И покрај долгото патување од околу 272 километри во еден правец, тие поминаа најмалку осум часа на пат за да го бодрат својот тим.

Ова гостување важи за едно од најдолгите можни во домашниот фудбал. Сега останува да се види дали Охрид ќе има слична поддршка од „Рибари“ на реваншот во Кратово на 6 мај.