Најдоцна за два месеци зрачна терапија во Клиничката болница во Битола
Најдоцна за два месеци пациентите од Југозападниот дел на Македонија ќе добиваат зрачна терапија во Клиничката болница во Битола, наместо во Скопје. Во тек е монтирањето на акцелераторот кој во подрумот на болницата стоеше неискористен скоро пет години, иако бункерот каде е сместен беше готов неколку години.
Без да даде временска рамка, Чакаровски најави вработувања во битолската болница каде функционираат одделенија и со само двајца лекари. Недостигаат лекари, сестри и друг персонал.
Според евиденцијата на новото раководство, Клиничката болница Битола во моментов има потреба од 70-тина доктори, исто толку медицински сестри и 60-тина болничари. Најкритична е состојбата на детското одделение, во Службата за ургентна медицина каде наскоро во пензија ќе заминат неколку лекари, потоа на урологија, неврологија.
-
Методија Куновски
Сите содржини од овој новинар