Најдобрите ученици од општина Аеродром ја завршија посетата на Лондон

Најдобрите ученици од општина Аеродром вчера се вратија од Лондон, каде посетуваа настава една недела во училиштето Ернест Бевин, во збратимената општина Вандсворт.
За време на престојот, како што информира општина Аеродром, учениците придружувани од еден одговорен наставник имаа можност да ја посетуваат настава кај своите врсници и да се запознаат со нивниот воспитно-образовен систем, односно со нивните наставни програми и со начинот на одржување на наставата. Учениците од Аеродром, покрај настава во Лондон ги посетија и најзначајните знаменитости на британската престолнина.
- Оваа иницијатива се смета за важна и претставува илустрација на врските меѓу Македонија и Британија, а таа исто така, е уникатна прилика за најдобрите ученици од Аеродром да посетуваат настава во училиштето Ернест Бевин, дотолку повеќе што овој колеџ има долга традиција на негување на спортот, а таму учел и актуелниот градоначалник на Лондон, велат од општина Аеродром.
Ново на Сител
-

Владата почна постапка за доделување концесии за испитувања за металични минерали
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Пропадна и денешниот обид за Изборниот законик
-

Марта Кос утре во Скопје на средба со премиерот Мицкоски
-

Поротниците од скопски Кривичен суд од денеска на мирен протест
-

Статистика измери инфлација од 3,4% во јуни, Пазарна констатира зголемени профитни маржи кај трговците
-

Жестока дебата во Собранието за пензиите
