Македонија
28. March 2023 - 12:30

Најдобрите студенти на Штипскиот универзитет добија ваучери по 10,000 денари

Најдобрите студенти во изминатата година, добија ваучери од по 10 000 денари, во рамки на одбележувањето на 16-иот јубилеј на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Ова за нив ќе биде дополнителна мотивација уште повеќе да учат и работат.

- Никогаш не се фокусирав да бидам најдобра студентка за време на студиите, напротив, сакав да напредувам лично и проефесионално. Сепак, од друга страна сметам дека наградите се одличен пристап за славење на напорниот труд и работа за време на академските студии на студентите. Самото признание може да биде огромна мотивација за студентот, а исто така и да ги поттикне и останатите студенти да работат уште по напорно- изјави Памела Реџеповска, диплмориан инженер по компјутерски науки.

- Развојот оди во најдобар правец, вио најдобро светло, а студентите се тие двигатели на целиот тој процес да се одвива како што треба-изјави САРА ДЕНКОВА, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СТУДЕНТСКО СОБРАНИЕ-УГД-ШТИП

Ректорот Дејан Мираковски истакна дека, изминатите години УГД се етаблира како престижен Универзитет кој продуцира исклучително квалитетен и комптентен кадар за пазарот на трудот.

- Тоа е благодарение на сите наши претходни ректори, проректори, декани и професори, кои се вградија во реализацијата на оваа идеја и успеаја сонот на основачите на Универзитетот, овој Источен регион да заживее и да се даде нова вредност на високото образование, сметаме дека е остварен- изјави Дејан Мираковски, ректор на УГД.

До сега на УГД се запишале околу 30 000 студенти, а 8000 од нив дипломирале на прв, втор и трет циклус студии.