Македонија
23. October 2017 - 17:52

Најдобрите готвачи ќе се натпреваруваат во Струмица

Струмица го собра светскиот готвачки врв.  Шеесетина мастер шеф судии и околу триста натпреварувачи од целиот свет во наредните пет дена ќе бидат дел од вториот интернационален гастрономски натпревар ГастроМак Македонија 2017. Се работи за настан кој и по обемот, но и по квалитетот на имињата кои учествуваат е најголемиот од ваков вид било кога одржан не само во Македонија туку и во регионот.

,, Натпреварот се одржува под мотото ,, Залче од светските вкусови,,  и практично под универзалното знаме на гастрономијата ќе го обедини светскиот готвачки крем кој што во Струмица ќе го претставуваат судии интернационални, натпреварувачи и гости од триесетина земји.,, вели Адријана Алачки – претседател на ГастроМак

Настанот е во организација на асоцијацијата на готвачи и шефови на кујни од Македонија Гастромак и со поддршка на светската организација на шефови на кујни и општина Струмица.

,, Со настанот Струмица ја ставаме на светската гастрономска мапа. Струмичани ќе видат дел од гастрономските магии на големите готвачи, но исто така и ние како домакини ќе имаме што да покажеме, тоа е нашата гостопримливост, а секако и традиционалната кујна.,, рече Коста Јаневски – градоначалник на општина Струмица

Врвните кулинарски шефови ќе се натпреваруваат во 33 категории поделени во четири сегменти.

,, За овој настан се подготвувавме неколку месеци и е од голема важност за нас како хотел.,, рече Васил Крмзов – хотел Вила Парк

Покрај натпреварувачкиот предвиден е и едукативен дел во кој десетина експерти со мастер шеф титулата ќе одржуваат повеќе мастер класови.