Фудбал
21. December 2015 - 15:23

Најдобриот стрелец втор играч во Хрватска

Најдобриот стрелец во хрватското фудбалско првенство, Илија Несторовски е прогласен за втор играч во Хрватска. 

Македонскиот репрезентативец се пласира зад  Марин Томасов од Риека. Томасов доби 66 гласови, додека трет на листата, зад Несторовски е Марко Пјаца, фудбалерот на загрепски Динамо.

Несторовски во оваа сезона е најдобриот стрелец во хрватската лига со 13 погодоци, а минатата сезона постигна 24 голови во дресот на Интер Запрешиќ и беше најдобар стреелц во втората хрватска лига.

Неговите добри игри есенва му обезбедија и место во македонската репрезентација.