Премиер лигата е позната по прекрасните погодоци, ефикасната игра и неизвесноста до самиот крај на натпреварите. Истата се формираше во 1992година и во неа се постигнати повеќе од 2500 голови. 

Затоа е најтешко да се избере најдобриот. 

Сепак еден е одбран за најдобар. Тоа е погодоокот што го даде Денис Беркамп во дресот на Арсенал. Погодокот беше постигнат во 2002 година, а сега, по повод 25 години од постоење на Премиерлигата, Беркамп доби признание за најдобар погодок во историјата на првенството.

Голот постигнат на средбата со  Њукасл доби 31 отсто од гласовите и заврши како најдобар во две и пол децениското играње. Зад погодокот на Беркамп е голот даден од Тони Јебоа за Лидс (29 отсто) во 1995 година. За трет најдобар погодок се прогласени „ножичките“ на Вејн Руни во дербито на Манчестер кога Јунајтед играше против Сити. Погодокот на Руни даден во 2011 година, доби 22 отсто од гласовите, што беше доволно за третото место во ваква конкуренција. 

https://