-->
-->
Најдено телото на велешанецот кој беше пријавен за изчезнат
-->

Најдено е телото на 59-годишниот маж од Велес, за кого вчера медиумите јавија дека бил пријавен за исчезнат.
Според информациите од полицијата, тој загинал во сообраќајна несреќа на околу 1.400 метри по клучката за езерото Младост, кај Велес.
„На 07.12.2023 во 15.45 часот пронајдено е патничко возило „форд фокус“ со велешки регистарски ознаки, кое излетало надвор од коловозот. Во несреќата, од здобиените повреди починал возачот Д.П.(59) од Велес, за кој на 06.12.2023 неговиот внук пријавил дека се оддалечил од домот“, обајви МВР во полицискиот билтен.
Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош и извршен е увид.
По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Најстудено утрово на Попова Шапка, во текот на денов врнежи од дожд, наместа пообилни
-

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026
-

Лишени од слобода две лица поради бегство од затвор
-

Иран е претпазлив во врска со разговорите со САД за завршување на војната
-

Папата Лав се надева дека Трамп бара „излезна рампа“ за војната со Иран
-

Први април – Ден на шегата: Скопје во знакот на хуморот, маските и карикатурата
-

Лагард: Последиците од војната со Иран ќе бидат долготрајни
-

Сиљановска Давкова и Милатовиќ ќе одржат предавање на Правниот факултет при УКИМ
