-->
-->
Најбруталниот убиец е од Норвешка - „Убив толку многу луѓе што не можам ни да се сетам“
-->
Арнфин Несет бил норвешки медицински техничар кој станал еден од најозлогласените сериски убијци во скандинавската историја. Осуден е на 18 март 1983 година за труење на 22 пациенти со суксаметониум-хлорид, дрога која ги опушта мускулите, на Геријатрискиот институт во Оркдал, каде што бил директор од 1977 година.
Во текот на истрагата тврдел дека убивал уште неколку пати во текот на годините на работењето и на оваа и на другите институции, но подоцна повлекол некои од своите изјави.
– Убив толку многу така што не можам да се сетам на сите – рекол во текот на истрагата.
Суксаметониум-хлорид е се потешко да се најде во трупот како што времето поминува. Согласно на тоа, најраните убиства кои Несет ги признал било невозможно да се истражат.
Тврдел дека некогаш убивал од милостина, но дека најчесто тоа го правел од уживање, како последица на неговата шизофренија.
Неговиот адвокат тврдел дека тој е ментално болен. Четири психијатри го прегледувале и утврдиле дека е здрав и способен за судење. Обвинителот го окарактеризирал како „ѕверски убиец“.
По две години истрага и пет месеци судење, бил прогласен за виновен за убиство на 22 луѓе и осуден на 21 година затвор, најголемата можна казна според норвешкиот закон.
На слобода е од 2004 година, а се претпоставува дека живее некаде во Норвешка под непознато име.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата