Бизнис
18. December 2019 - 17:05

Најавите на Меркел ги подгреаја надежите - се зголемува интересот за работа во Германија

Германија со нови правила од 1 март го олеснува увозот на работна сила од земјите кои не се членки на Унијата. Огромен е интересот на Македонците да заминат на работа таму. Само оваа и минатата година 25 илјади граѓани барале работни визи за  Германија. Од 2015 до 2017 година бројот изнесувал од 10 до 12.000 барања. Наместо од 6 до 18 месеци, од март виза ќе се добива од 14 до 28 работни дена. Барателот на дозволата за работа ќе може лично без работна виза да аплицира за работа, само ако докаже дека има приходи за престој до 6 месеци. Се ограничува старосната граница до 45 години, односно се заостауваат условите за лицата над 45 години.

Услов за работа во Германија е минимално познавање на германскиот јазик, односно А2 ниво. Потреба од работна сила има за сите категории, а минималната плата изнесува нето 8,5 евра од час или 1,250 евра месечно.

Во моментов германскиот Завод за вработувања бара 500 Македонци за работа на аеродром и во сектор за пакување и складирање на храна. Кочовски очекува дека во наредните 2,3 години од земјава ќе заминат 20.000  Македонци, кои се работоспособни, ако државата не преземе нешто за да ги задржи да останат во својата земја.