Џет-Сет
24. October 2017 - 20:40

Најави скандал: Карлеуша го испланирала последниот потег во кариерата

Поп пејачката Јелена Карлеуша која обожава да се фотографира, подготвена е да оди и чекор натаму:

-Еден ден ќе дојдам целосно гола и без шминка и ќе речам: „Еве новинари, сликајте ме, убијте ме. И тоа ќе биде завршниот потег во мојата кариера“, вели ЈК.

Поп дивата не прецизираше за колку години ќе дојде ќе излезе гола во јавноста, но истакнува нека и ниту на 50 нема да се закопчува до грло:

-Годините не треба да бидат препрека за облекување. Кога ќе остарам, нема да ми биде проблем да се облекувам провокативно, јас ќе бидам баба во трико!, пишува магазинот Свет.