Најавен нов протест пред собранието: Уставните измени во финална фаза пред пратениците
Уставните измени во третата и последна фаза се на дневен ред на денешното продолжение на собраниската седница, откако вчера со 78 гласови „за“ беше усвоен дневниот ред на 75. седница, на кој, меѓу другото, се и предлог-амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Македонија, како и предлог-уставниот закон за прогласување на амандманите.
За завршувањето на третата и последна фаза од уставните измени, кои произлегоа од Договорот од Преспа е потребно двотретинско мнозинство, кое премиерот Зоран Заев се обидува да го обезбеди, а за кое вели дека ќе се знае дали го има на денот на гласањето.
Секој амандман се утврдува со обично мнозинство, потоа се отвора општиот претрес, па претресот по текстови и секој амандман поединечно се гласа со двотретинско мнозинство. Потоа се гласа за сите амандмани заедно со двотретинско мнозинство и на крајот се отвора уставниот закон, за чие усвојување исто така е потребно двотретинско мнозинство.
Седницата денеска ќе почне во 13 часот, како што најави вчера претседателот на Собранието Талат Џафери, по експозето на Заев пред пратенците во врска со последната фаза од уставните измени, во кое побара позитивна одлука, која ја нарече историска и можност за подобар живот за сите граѓани на Република Македонија.
Пред Собранието во исто време се одржуваше протест во организација на здруженијата „Македонија блокира“, „Христијанско братство“, партијата „Единствена Македонија“, „Твордокорни“ против уставните измени. Најавија дека протестот ќе продолжи и денеска.
Македонското Собрание на 19 октомври со 80 гласа ја донесе одлуката за пристапување кон уставните измени. Иако потребното двотретинско мнозинство во правата фаза од менување на Уставот беше неизвесно до самиот почеток на гласањето, сепак во последен момент освен 72 пратеници од владејачкото мнозинство за пристапување кон изменување на Уставот гласаа и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. За втората фаза, која помина минатиот месец, беа потребни 61 глас од вкупно 120 пратеници.
Ново на Сител
-
Трамп со аплауз го пречека Путин
-
Авионот на Трамп слета во Екориџ
-
Песков: Самитот меѓу Путин и Трамп во Алјаска ќе трае најмалку 6-7 часа
-
Во Албанија уапсени три лица за подметнување пожари, ситуацијата со пожарите подобрена
-
Независните кандидати наместо од еден отсто, треба да соберат потписи од 0,95 проценти од запишаните избирачи во ИЕ
-
Хакерски напад врз веб-страницата на српското МВР од IP-адреса од Холандија
-
Лишен од слобода 19-годишник во Тетово поради предизвикување пожар
-
Поради пожар во НП Јасен патот Македонски брод Скопје затворен за секаков вид возила