Најава за невреме со пороен дожд, засилен ветер и грмежи
Времето денеска ќе биде прoменливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје, ќе биде прoменливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината и со поинтензивни процеси во форма на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Според најавите од УХМР, до петок ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина воден талог), силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Дневната температура ќе биде во опаѓање. И во Скопската Котлина ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, повремено во форма на невреме. Постепено стабилизирање на времето ќе има од сабота.
Ново на Сител
-

Гренланд ја отфрли идејата на Трамп за испраќање медицински брод
-

ЕУ не ги прифаќа новите царини на Трамп, бара од Вашингтон да го почитува трговскиот договор
-

Како со децата со атипичен развој | Огњен Самарџиќ и Добрина Костовска | Sitel Podcast 139
-

Кривична пријава против четири лица за измами со лажни сообраќајки тешки 3,7 милиони денари
-

Стружанка почина откако во неа удрило товарно возило
-

Виткоф: Преговорите за мировниот план за Украина би можеле да се одржат во рок од три недели
-

Возел со 203 километри на час наместо максимално дозволени 120, лишен од слобода возач на автопатот Неготино - Стоби
-

Германија планира да ја забрза интеграцијата на барателите на азил на пазарот на трудот
