Награди за најдобариот полицаец, пожарникар и крводарител во Скопје

Гоце Николовски е најдобар полицаец, Бранислав Трајчевски е најдобар пожарникар, а Томче Симјановски е најдобар крводарител за 2015 година во Скопје.
Наградите на најхрабрите и најхуманите луѓе во Град Скопје за 2015 година денеска им ги врачи градоначалникот Коце Трајановски.
- Градот Скопје традиционално на крајот од секоја година ги наградува најдобриот полицаец, крводарител и пожарникар. Ги наградуваме најхрабрите и најхуманите во оваа област во Градот Скопје. Наградата ќе биде по 10.000 денари и нашата цел е да ги поттикнеме граѓаните и професионалните служби да бидат што похумани и што похрабри, се во интерес на граѓаните на Скопје, рече Трајановски.
Најдобриот полицаец за 2015 година, Гоце Николовски, вработен во Пријавно одјавна служба во Полициска станица од општа надлежност „Центар“- Скопје има 22 години работен стаж, а во текот на изминатата година остварил натпросечни резултати и пожртвувано ги извршувал службените задачи.
Најдобар пожарникар за 2015 година е Бранислав Трајчевски- водич на група во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, кој во текот на измината година учествувал во гаснење повеќе пожари, односно во над 200 интервенции. Имено, во текот на неговиот работен стаж од 33 години учествувал во гаснењето на повеќе пожари и технички интервенции каде што придонел за намалување на материјалните штети и спасување човечки животи.
Најдобриот крводарител Томче Симјановски во изминатите години има 101 дарување крв, а активно учествувал во сите редовни и вонредни крводарителски акции. Неговата хуманост претставува пример и поттик за сите млади да станат повеќекратни дарители и да ја продолжат хуманата мисија спасувајќи нечиј живот.
Град Скопје ги награди најдобрите со благодарници и со 10 илјади денари.
Ново на Сител
-

Почнува неделата на „Европски дијалози, европско наследство и иднина“
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Владата ја чека Фон Дер Лајен со предлог за разговорите со Бугарија
-

Останките на Цар Самуил од Солун во Софија, историски чин или политичка порака?
-

Дел од спотот на песната “Секси мама” на косовски рапер снимен во “Македониумот” во Крушево
-

Државните енергетски компании се подготвени за претстојната зима
-

Тероризам, киднапирања, оружје - тројца уапсени кои имаат поврзаност со ИСИС
-

Болестите на срцето водечка причина за смртност во Македонија
