Наградени најдобрите дипломирани студенти на УКИМ

На најдобриот универзитет секогаш студираат најдобрите студенти, порача денеска ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје Велимир Стојковски на доделувањето награди и пофалници на најдобрите дипломирани студенти во учебните 2012/2013 и 2013/2014 година.
За учебната 2012/2013 година, ректорот Стојковски додели награди и пофалници на 22 студенти, меѓу кои се Божанка Ристова од Факултетот за земјоделски науки и храна со средна оценка 10,00, Весна Матеска од Економскиот факултет со средна оценка 10,00, Јасмина Трпеска дипломирала на Машински факултет со средна оценка 10,00, Климент Махоски од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство со средна оценка 10,00....
За учебната 2013/2014 наградени беа 22 дипломирани студенти од кои шест се со успех 10,00. Меѓу најдобрите се Александар Тодоровски од Правниот факултет, Анастасија Јакимова од Факултетот за ветеринарна медицина, Нада Тофоска од Филозифскиот факултет...
Со решение од ректорот на УКИМ денеска беше доделена и наградата „26 јули“ за која средствата се обезбедени од Фондацијата „Франк Харкорд Манинг“ од Лондон. Наградата ја добија Даниела Здравковска, Кристина Стаменова, Зулеха Тахири, Маја Вељанова, Горјан Анстасов, Марија Кичевска и Аделина Фејза.
Паулина Грнарова од Факултетот за електротехника и информациски технологии која дипломирала со средна оценка 9,97, магистрирала во Лозана, вели дека планира да продолжи и со докторски студии во Швајцарија.
- Факултетите во Швајцарија се многу добро рангирани и се едни од првите во светот. Истражувачките институции се многу добри, а нудат и многу можности, и се чувствувам дека можам да постигнам било што, дали сакам кариера во индуструија или пак на факултет. Има квалитетна програма и професори, истакна Грнарова.
Таа досега не добила никаква понуда за работа во Македонија, и планира својата кариера да ја продолжи надвор од земјава.
Традиционално награди за најдобрите студенти додели и професорот Димитер Стамболиев од Фондацијата „Проф. д-р Димитар Стамболиев“.
Ново на Сител
-

„Безбеден град“ - системот чита регистарски таблички и при брзини од над 200 километри на час во услови на дожд и магла
-

Трета европска титула за Данска за славје во Хернинг
-

Ѓоковиќ: Карлос млад си има уште време пред тебе
-

Алкараз е новиот шампион на Австралија опен
-

Хрватска го освои бронзениот медал
-

Најмалку 16 лица загинаа во две одвоени сообраќајни несреќи во Турција
-

Сообраќајот во зимски услови по влажни коловози, останува забраната за камиони и автобуси на патот Шипковица-Попова Шапка
-

Мицкоски: Понудата до синдикатот е на маса една година, но мора да се преговара делот за плати во ОКД
