Наградата во Пауербол лотаријата се искачи на 440 милиони долари

Добивката во американската лотарија Пауербол се искачи на 440 милиони долари откако ниту еден учесник не ги погоди сите шест бројки во последното извлекување вчера вечер.
Ова е деветта најголема добивка во историјата на лотаријата. Доколку наградата се падне во следното коло, добитникот ќе може да одбере да подигне 278 милиони долари одеднаш, или пак да ја добие целата сума, но преку 30 години. Во двата случаи, ќе мора да плати и значителен данок на добивката.
Најголемата Пауербол награда се падна во јануари 2016 година - износот од 1,6 милијарди долари го поделија тројца добитници во државите Калифорнија, Флорида и Тенеси. Рекордот за еден добитник изнесува 758 милиони долари, и се падна во државата Масачусетс во текот на 2017 година.
Наградниот фонд за главната добивка во другата голема американска лотарија, Мега Милионс, во моментов изнесува 343 милиони долари.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-

Преглед на вестите од светот
-

Киднапирање во центарот на Белград: Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски спасен, напаѓачите во бегство
-

Мицкоски очекува заплена од над 100 тони марихуана
-

Заев се јави за обвинувањата за нелегална марихуана - ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од кажаното
-

11.000 административци до 2028 година ќе имаат за 40% повисока плата
-

Двегодишно дете од Битола по напад од улични кучиња заврши на интензивна нега на Детска хирургија
-

Полицајците бараат еднаков третман на сите пред законот по заканите со тепање и убиства
