-->
-->
Награда за ловците кои ќе вршат отстрел на диви свињи
-->
Ловците кои ќе вршат отстрел на диви свињи ќе добиваат парична награда од 1000 денари за секоја стрелана единка. Освен наградата, ловците ќе го задржат и месото. Ова е една од превентивните мерки кои ги усвои Владата за заштита од болеста "африканска чума".
Од сетот мерки со кои земјава треба да се заштити од болеста е и награда за сточарите кои доброволно ќе ги дадат свињите на колење. Тие ќе добиваат надомест од 50 евра по заклана свиња.
Вицепремиерот Анѓушев вели дека Владата донела одлука за намалување на бројот на свињи за да се спречи ширење на болеста која веќе се појави во Србија и Бугарија. Штетите врз економијата, ако болеста се појави меѓу свињите во земјава, ќе надминат 100 милиони евра годишно.
Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
-

Преглед на вестите од светот
-

„Безбеден град“ дава резултат
