Наезда на крлежи во овој период - како да се заштитите

Нозете и вратот, делот зад увото и косата, се најчести места на кои се кријат крлежите. Чувствителните места треба да се заштитат со средства кои ги одбиваат инсектите. Но, проблемот е во тоа што крлежот е снаодлив, па умее да најде места кои не се намачкани.
Лајмска болест, хеморагични треска и воспаление на мозокот се дел од болестите кои може да се пренесат преку крлежите.Според инфектолозите не секое каснување значи и пренесување на болест: -Многу е важно да не се вадат дома сами не стерилни средства кои може дополнително да предизвикаат друга инфекција. Понекогаш се обудуваат сами да го вадат крлежот, но главата на крлежот ќе остане и ако има инфекција тоа може да предизвика дополнителни компликации додава д-р Наунова Јовановска.
На лекар треба да се јават и лицата кои по една до две недели откако биле каснати од комарци или крлеж, добиле висока температура, треска и осип по телото. Ова се дел од препораките на лекарите за заштита од крлежи.
Ново на Сител
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст
-
Донесени измените на Законот за средно образование