Надградба на куќи со одобрение без ДУП
Секој граѓанин во Македонија ќе може да ја надгради својата куќа до максимална висина од 10 метри и 20 сантиметри и во случај ако надградбата на објектот не е предвиден во планската документација. Ваквата измена е предвидена во измените на Законот за градење што Собранието ги донесе на вчерашната седница, а за кои денеска информираше министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.
Како што појасни Мисајловски оваа мерка се однесува за куќи што се веќе изградени со одобрение за градење или се легализирани со Законoт за легализација на бесправно изградените објекти.
- Доколку имате куќа и сакате да вршите надградба, прво од општината мора да поднесете барање за одобрение за градење се разбира со претходно изработен проект за градба. Без разлика дали надградбата на вашиот објект е предвидена во урбанистичката планска документација, општината по сила на закон мора да ви издаде одобрение за градење и да дозволи да го надградите својот објект. До сега ако сакавте да доградувате во висина постоеше услов, надградбата мораше да биде предвидена во планската документација за да може општината да ви издаде одобрение за градење, појасни минситерот за транспорт и врски.
Тој додаде дека не станува збор за доградба на објектот, бидејќи тогаш ќе се бара измена на план и се менува градежната парцела. Станува збор само за надградба на куќа до 10 метри и 20 сантиметри висина, односно приземје, два ката и поткровје.
Мисајловски додаде дека овие измени Министерството за транпорт и врски ги направи во соработка со општините, а водејќи се од потребата за раст на градежништвото и од барањата на граѓаните.
- Во изминатиот период голем број граѓани доаѓаа кај нас со вакви или слични барања. Општините не секогаш имаа доволно средства или капацитет да ги менуваат урбанистичките планови за вакви барања на граѓаните, па се случуваше граѓаните да чекаат и по пет, шест или повеќе години за да можат да си доградат ако општината им дозволеше. Сега сите заинтересирани кои сакаат да прават надградби на своите куќи ќе можат слободно тоа да го сторат, рече Мисајловски.
Министерот смета дека на ваков начин ќе им се излезе во пресрет на многу граѓани кои на еден начин сакаат да инвестираат во подобра иднина, за зголемување на својот недвижен имот или да им остават наследство на своите блиски.
- Со законот на секој ќе му биде овозможено да надгради и да бидат рамноправи сите граѓани затоа што сега во некои општини може да се направи тоа, а во некои не. Со оваа мерка секој ќе може да надгради, доколку сака доградување ќе мора да чека да се смени планот, истакна Мисајловски и додаде дека со оваа мерка ќе може и директно да се аплицира и за проектот „Купи куќа за млади“.
Мисајловски потенцира дека со овие мерки, и со претходните што Министерството ги донесе како легализацијата на дивоизградените објекти, продажбата на земјиште по цена од едно евро, намалување на комуналиите за индустриски објекти, електронскиот систем за издавање одобрение за градење..., се придонесува за развој на градежниот сектор во Република Македонија.
Ново на Сител
-
Со „голф“ на место каде е дозволено 40 возел 108, уапсен 21 годишник од Липково
-
ОЈО: Претреси на пет локации за пожарот во Кочани
-
Со фантомки и пластични пиштоли одзеле 650 илјади денари од „Нептун“- обвинение за две лица
-
Николоски: Направени контроли на над 3 100 лиценци, во постапка на одземање се 479 поради неправилно работење
-
Мицковски: Жалам што мораше ова да се случи за сите да се освестат дека работите повеќе од три децении биле погрешни
-
Шест мигранти држени во заложништво во Студеничани
-
ИВАП: Да им помогнеме на нашите колеги и семејства на настрадани во пожарот во Кочани
-
До крајот на март ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд