Надежда Савченко започна штрајк со глад
Поранешниот украински воен пилот Надежда Савченко, која е осудена во Русија за убиство на двајца новинари, за обид за убиство на трето лице и за незаконско преминување на руската граница, денеска започна штрајк со глад, со барање за итно враќање во Украина, соопшти нејзиниот адвокат Марк Фејгин.
На 22 март Савченко беше осудена во Русија на 22 години затвор и казна од 30.000 рубљи. Таа изјави дека не е виновна и дека не ја признава пресудата, но нема да поднесе жалба.
Савченко моментно се наоѓа во истражен затвор во рускиот град Новочеркаск и се уште нема информации во кој казнено поправен дом ќе биде испратена.
Според законот, тоа треба да се случи најдоцна за 10 дена, откако раководството во истражниот затвор ќе добие известување дека пресудата стапува во сила.
Според адвокатите на Савченко, украинските власти прават напори осудената да биде испратена во својата земја, каде ќе ја отслужи казната.
Ново на Сител
-
Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, нови 27 случаи
-
Продолжува кампањата за претседателски и парламентарни избори на 8 мај
-
Свечена промоција на нови полициски службеници во Идризово
-
Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување
-
Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО
-
Киев: Русија ја нападна енергетската инфраструктура во три украински региони
-
Десетици торнада го погодија централниот дел на САД
-
Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници - празници предвесници на Велигден