Тенис
6. April 2017 - 13:02

Надал: Проблемите доаѓаат со 30-тата година

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се обиде за медиумите да објасни како е да се биде дел од големата тројка заедно со Федерер и Ѓоковиќ.

Тоа се тенисерите кои заедно имаат освоено 44 трофеи на најголемите тениски турнири. 
Надал за шпанска „Марка“ изјави:„ИМа и добри и лоши страни кога играш со такви тенисери во иста ера. Бев долго светски рекет број два иако имав голем број бодови и во некоја друга ера сигурно би бил на чело на АТП листата. Тоа е лошата работа. Добрата е што развив две прекрасни ривалства со Федерер и Ѓоковиќ. Се чувствувам среќен бидејќи уживавме во тоа и тоа нешто над интересот во тенисот“-одговори Надал.
Денеска според Надал нема многу млади генерации и според него нивото на игра опаѓа по 30-тата година како што тоа сега му се случува на Ѓоковиќ: „Ако ми издржи телото се надевам дека ќе можам да игра уште неколку сезони“- убеден е Рафа.