-->
-->
Надал го совлада Димитров во три сета
-->
Шангај: Надал го победи Димитров
12:16 | октомври 13, 2017
Шангај: Надал го победи Димитров
Првиот носител на мастерс-турнирот во Шангај , Рафаел Надал, избори пласман во полуфиналето каде што противник ќе му биде Хрватот Марин Чилиќ.
За разлика од претходните дуели, Надал вложи максимален напор за да го победи Бугаринот Григор Димитров. Шпанецот на теренот мина два и пол часа и славеше во три сета (6:4, 6:7, 6:3).
Димитров одично сервираше, мечот го заврши со 13 ас-удари, што му овозможи добро да му се спротивстави на најдобриот светски тенисер, но ниту еднаш не успеа да му го одземе сервисот на противникот поради што и го загуби мечот.
Надал играше трпеливо од самиот почеток, дочека мал пад на концентрацијата кај Димитров во деветтиот гем од првиот сет и потоа го освои сетот. Бугаринот својата шанса ја дочека во тај-брејкот на вториот сет кога успеа да се врати од негатива 2:4 и да го израмни резултатот во сетови.
Жесток отпор Димитров даде во третиот сет, бараше начин да му го одземе сервисот на ривалот, но сепак Шпанецот беше тој што стигна до брејк, а потоа и до триумф од 2:1 во сетови.
Надал во една недела два пати го победи Димитров кога го доби и нивниот дуел во полуфиналето на турнирот во Пекинг.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп