Над половина од Американците сметаат дека Трамп е премногу близок со Русија

Повеќе од половина од Американците, вклучително и секој четврти републиканец, веруваат дека претседателот Доналд Трамп е „премногу блиску“ до Русија бидејќи радикално ја менува надворешната политика на САД, покажува новата анкета на Ројтерс/Ипсос, пренесе БТА.
Истражувањето, завршено во средата, исто така покажа дека експанзионистичката агенда на Трамп, која говореше за стекнување на Гренланд, Канада и Панамскиот канал, не добива силна поддршка.
Околу 56 отсто од испитаниците – 89 проценти од демократите и 27 посто од републиканците – се согласуваат со изјавата дека Трамп е премногу блиску до Москва.
Четириесет проценти од испитаниците не се согласуваат со оваа изјава, а четири отсто не одговориле на прашањето.
Анкетата на Ројтерс/Ипсос, исто така, покажа дека многу Американци поддржуваат клучен елемент од неговиот пристап да и помогне на Украина.
Четириесет и четири отсто од испитаниците во истражувањето рекле дека го поддржуваат планот на Трамп да ја „врзе американската воена поддршка за Украина со САД да добијат дел од рудното богатство на Украина“.
Две третини од републиканците ја поддржуваат идејата, како и секој петти демократ. Севкупно, рејтингот на Трамп се одржува стабилен во изминатите неколку недели на 44 проценти.
Ново на Сител
-

Со „Безбеден град“ ќе се намалат прекршоците
-

209 милиони денари за изградба на дом за стари лица во Кочани
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-

Преглед на вестите од светот
-

Киднапирање во центарот на Белград: Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски спасен, напаѓачите во бегство
-

Мицкоски очекува заплена од над 100 тони марихуана
-

Заев се јави за обвинувањата за нелегална марихуана - ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од кажаното
