Над десет илјади бегалци пристигнаа вчера во Хрватска

Над десет илјади бегалци пристигнаа вчера во Хрватска, соопшти денеска хрватското Министерство за внатрешни работи.
Министерството нагласи дека бројот на бегалците, кои пристигнуваат во земјата се зголемува.
- Во петокот беше забележан рекорд во однос на бројот на имигрантите кои пристигнаа во еден ден. Во Хрватска во моментот се наоѓаат околу 65 илјади бегалци. Од хрватската територија мигрантите најчесто се насочуваат кон Унгарија, од каде продолжуваат за Австрија и Германија, но и кон други држави во Западна Европа, се наведува во соопштението на хрватското МВР.
Повеќето мигранти се сместени во бегалскиот камп во Опатовац, кој се наоѓа во близина на хрватско-српската граница.
- Од Опатовац бегалците постепено ќе бидат превезувани со автобуси кон границата со Унгарија, додаде Министерството.
Ситуацијата на хрватско-српската граница по укинувањето на блокадата е целосно стабилизирана.
Министерството нагласи дека сите гранични пунктови работат во нормален режим и не се регистрирани инциденти.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ива и татко и ќе одговараат кога тогаш
-

СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-

Нова инвестиција во Битола - нови 2.000 работни места
-

Муцунски: Отпорност не значи изолација
-

Јаневска: Инвестираме во лицата со попреченост
-

Преглед на вестите од светот
-

Повредените од „Пулс“ во следна фаза на лекување
-

Три пропаднати огласи, четврти обид за избор во Судскиот совет
