Над 900 терористи се неутрализирани во операциите на турската армија од почетокот на годинава
Вкупно 942 терористи се неутрализирани во различни операции спроведени од турските вооружени сили (ТСК) од почетокот на годинава, соопшти турското Министерство за национална одбрана.
- Борбата на турските вооружени сили против сите терористички групи, особено против ПКК/СНА (Курдската работничка партија/Сили за народна одбрана), Исламската држава и ФЕТО (Фетулахистичката терористичка организација) продолжува без прекин и со зголемен интензитет, информира за турските медиуми Шеки Актурк, шеф на прес-службата на Министерството за одбрана на Турција.
Само минатата недела, 50 терористи беа неутрализирани во антитерористички операции во северен Ирак и Сирија. Со тоа вкупниот број на неутрализирани терористи од почетокот на годината изнесува 942 и од 24 јули 2015 година на 38.285, рече Актурк.
Ново на Сител
-
Новогодишен Дневник 2024
-
Подготовки за најлудата ноќ
-
Апсолутна победа на Мицкоски, Ахмети замина во опозиција, Филипче – нов лидер на СДСМ
-
Уште една година на стагнација за македонските интеграции
-
Затворски казни, оставки и разрешувања за лица од правосудството во 2024 година
-
Штипска Клиничка годината ја завршува со долг од 160 милиони денари
-
Спектакуларна прослава во Сиднеј
-
Трамп освои втор претседателски мандат