Над 800 мигранти добиле американско државјанство по грешка

Американската Влада по грешка им дала американско државјанство на најмалку 858 мигранти од земји кои претставуваат опасност за безбедноста на САД или држави кои имаат највисок раст на миграциски измами, покажуваат податоците од извршена интерна контрола на Министерството за внатрешна безбедност.
Главниот инспектор на Министерството, Џон Рот открил дека мигранти користеле различни имиња или датуми на раѓање со цел да аплицираат за државјанство во американската Служба за државјанство и миграција. Тие прекршоци не биле откриени бидејќи отпечатоците од прстите на овие луѓе ги немало во владините бази на податоци.
Рот истакнува дека сите тие се од држави кои се од посебен интерес за САД, односно кои претставуваат опасност за американската национална безбедност или од соседни земји со висок раст на миграциски измами.
Во извештајот од внатрешната контрола не се споменуваат имињата на мигрантите, ниту од кои земји потекнуваат.
Ново на Сител
-

Хегсет: Само што почнавме и ќе се бориме колку што е потребно
-

Без струја делови од Центар и Карпош
-

САД и Венецуела се согласија да ги обноват дипломатските односи
-

Пристигна првата група македонски државјани евакуирани од Израел
-

Европол: Зголемена закана од тероризам во Европската Унија поради конфликтот во Иран
-

Амбасадата на САД во Кувајт ја прекина работата
-

Пад на надворешнотрговската размена во јануари
-

Магла на неколку патни правци, во прекин товарниот сообраќај на ГП Деве Баир
