Македонија
25. February 2021 - 12:48

Над 80 проценти од граѓаните сметаат дека корупцијата расте

Околу 80% од граѓаните од пет општини, меѓу кои и  Битола, опфатени со истражувањето за  „Проценка на ранливи области на корупција на локално ниво“ сметаат дека корупцијата е зголемена во споредба со периодот пред 10 години. Од Асоцијацијата за демократски иницијативи велат дека многу малку се зборува за корупција на локално ниво, но и малку се работи на преземање конкретни мерки.

-Се изјасниле дека во последните 10 години има покачување, значи расте корупцијата во Македонија, додека претежно се во контакт со полиција, судство, здравство и оттука гледаат дека таму повеќе е присутна корупцијата, обично тоа им се бара за операции, некои интервенции или прекршоци во сообраќајот. Цениме дека за поефикасна борба против корупцијата треба да ги знаеме појавите и механизмите што овозможуваат да биде присутна секојдневно во Макеоднија, изјави Лулзим Хазири, асоцијација за демократски иницијативи .

Истражувањето покажа дека, според распростанетоста на корупцијата по области, граѓаните од Битола сметаат дека судството е најкорумпирано.

-Граѓаните демонстрираат недоверба кон институциите во поглед на пријавување на корупција, не веруваат дека институциите имаат капацитети да се справат со случаи на корупција и дека постапките предолго траат. Во поглед на искуствата на граѓаните со корупција, релативно мал процент покажале и се изјаснија дека имале искуство да им биде побарано мито последната година, најчесто станува збор за институции во здравството, полицијата и судовите. Она што се појави како разочарувачки резултат е што граѓаните не гледаат во себе ниту во приватниот сектор самите да делуваат во полето на корупцијата, изјави Марија Димитровска, експерт.

Проценката на ризиците од корупција кои ги даде истражувањето ќе се користи како превентивна алатка за идентификување на факторите на ризик на корупцијата, односно како алатка за подобрување на управувањето со конкретната јавна институција, сектор, проект или процес.