Бизнис
9. December 2020 - 16:37

Над 8 милиони евра годишно чинат рамковно вработените кои не одат на работа

Над 8 милиони евра годишно ја чинат државата 1,300 вработени кои седат дома, а земаат плата. Според официјалните бројки, во Министерството за политички систем вработени се вкупно 1,500 лица. Секој од нив во просек зема по 6,300 евра годишно, односно нешто над 500 евра месечно. Сега Владата им нуди 2 шанси за да почнат со работа, ако не ги прифатат, ќе добијат отказ. Министерот за информатичко верува дека најголем дел од нив ќе се согласат да работат, но ако одбијат, ќе чекаат подобра опција на трансфер листата.  

- Колку време тие ќе стојат  веднаш МИОА после првата фаза ќе  настојува и во другите институции веднаш да се  комуницираат и за второто нивно распределување. Истовремено сме во подготовка и на новиот закон  за вработени во јавната администрација и во јавниот сектор сектор и тука ќе се предвиди  временскиот рок, но после второто одбивање на  работата ќе се прекине работниот  однос помеѓу нив и ќе се во трансфер листата, изјави Јетон Шаќири, министер за информатичко општество.

Согласно законот, државата мора да им понуди најмалку иста плата, но не и пониска од онаа која претходно ја земале. Затоа во предлог буџетот за наредната година предвидена е слична сума како за годинава – односно 9,3 милиони евра за 1.430 вработени. За овие 10 години, рамковните вработувања државата ја чинеле скоро 90 милиони евра.