Македонија
25. March 2020 - 14:55

Над 70 адвокати бараат одлагање на судските рочишта, судниците потенцијални жаришта за КОВИД-19

Адвокати реагираат на одржувањето на судењата за време на вонредната состојба за предмети каде бројот на учесници во постапката е голем. Велат дека на тој начин постои опасност од ширење на корона вирусот, а има и забрана за собирање на групи од над 5 луѓе, додека пак, судењата не се најважната работа во овие моменти.

Адвокатите бараат преиспитување на одлуката на Судскиот совет од 17 март во која се препорачува судовите да се прилагодат на владините мерки за заштита од КОВИД 19, но и упатуваат на тоа да се одржуваат судења по предмети во кои на обвинетите им е изречен притвор или куќен притвор, постои опасност од застареност, или пак, за нарушување на принципот за разумно судење или пак, се работи за прдмети поврзани со пандемијата.

Најголем дел од судењата се одложуваат, но странките доаѓаат во судот поради закажно рочиште. Денеска во Кривичниот суд  се одложи „Титаник“. Во судницата беа присутни повеќе од 40 луѓе, на потребно растојание, и делуно заштитени со заштитни маски. Сепак, голем дел од обвинетите и бранителите го известиле судот дека ги користат владините мерки за заштита од КОВИД 19 и не можат да присуствуваат на судењето. Судијата Осман Шабани го одложи рочиштето за 30 март, но ги предупреди обвинетите дека ако не дојдат на судење ќе побара преиспитување на изречените поблаги мерки за обезбедување. Шабани потенцираше дека тоа од него го бара одлуката на Судскиот совет, побара сите учесници во предметот да дојдат со соодветна заштита и дека на тој начин судењето ќе биде безбедно.

Од Судскиот совет пак, велат одлуката им е добра бидејки првнествено таа упатува судовите својата работа да ја прилагодат на одликите за заштита од коронавирусот што ги носи министерството за здравство, Владата и главниот Кризен штаб. За исклуоците за одржување на судењата за секое поединечно рочиште треба да цени самиот судија во консултација со Претседателот на судот, вели за Сител Киро Здравев, претседател на судскиот совет.

„ Интенцијата на одлуката не е да има судења по секоја цена, ние набројавме кои предмети треба да се судат, но и ај нив ако има странки во изолација, или слично, судијата треба да направи проценка“, вели Здравев.