Македонија
5. October 2023 - 16:53

Над 600 кривични дела годинава се направени од веќе осудени лица

Крадците кои Законот за амнестија ќе ги пушти на слобода, најчесто се лица кои ги повторуваат кривичните дела. Ова го открива статистиката на полицијата која за осум месеци од годинава регистрирала дека дури 500 кривични дела се направени од веќе осудени. Најголем дел или над 400 дела се тешки кражби, тепачки и загрозување на сигурноста. Анализата открива дека повторници има и меѓу лица кои и претходно предизвикале сообраќајки.

Дека амнестијата може да влијае врз зголемување на криминалитетот, предупредуваат и експертите кои посочуваат дека по примената на претходниот закон од 2018та, во полициска станица заради кражба завршиле луѓе кои пред само неколку часа ја напуштиле затворската ќелија. 

Со Законот за аменстија се предвидува од затвор веднаш да излезат сторители на полесни кривични дела како што се кражби, тепачки, лица кои сториле сообраќајки, а заеднично за сите е што биле осудени на казни до шест месеци затвор. Законот наскоро ќе се најде пред пратениците, а први на неговото донесување најавија дека ќе се спротистват од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека нема да ги поддржат ниту амандманите на власта со кои треба да се спречи на слобода да излезат и осудените за Монструм.

Додека амнестијата ја чека поддршката во Собранието, пред пратениците треба да се најде и новиот закон за помилување кој предвидува дека тоа ќе може да се примени само за правосилно осудени.