Над 600 деца во Битола се ставени на листа за чекање за сместување во градинки
Повеќе од 600 деца од Битола се на листа за чекање за згрижување во детските градинки Естреа Овадија Мара и Мајски цвет. Податоците говорат дека повеќе од потребно е проширување на градинките, како и ангажирање на воспитувачи и други кадри, потребни за квалитетна заштита на децата.
- Имаме огромен број на листа за чекање. Значи, решение ни е отврање надоградби на постојните градинки и изградба на нови градинки. Се надевам дека Општина Битола, Владата на Република Македонија ќе ни излезе во пресрет и ќе можеме успешно да го реализираме нашето ветување, вели Лидија Твирст Митревска, директор на ДГ Естреа Овадија Мара.
Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска вели дека општината е во напредна фаза со обезбедување на средства и друга логистичка поддршка околу проширување на просторните капацитети во градинките.
- Веќе двете градинки имаат добиено согласности за обезбедување на негувателки уште во изминатиот период, согласностите се пристигнати. Јасно, не ги задоволуваат потребите кои се соочени како реална потреба, но во соработка и дослух со Министерството за труд и социјална политика се навестува повторно зголемување на бројот на негователки што е неопходно за реално, вистинско згрижување на децата, вели Петровска.
Долгите листи на чекање за сместување на децата го градинките, во Битола се реалност подолго време. Поранешниот градоначалник вети отворање на четири нови градинки, но и по три мандати на чело на Општина Битола, не отвори ниту една. Градоначалничката Наташа Петровска, пак, во својата изборна програма План за живот вп Битола вети зголемување на сместувачките капацитети во градинките.
-
Методија Куновски
Сите содржини од овој новинар