Над 50 отсто зголемен сообраќајот во Атина на првиот ден од строгите рестрикции споредено со ланскиот карантин

Во текот на вчерашниот ден, прв од строгиот карантин воведен во областа Атика, поширокиот регион на Атина, имало од 50 до 100 отсто поголем сообраќај, споредбено со првиот ден од рестрикциите, од речиси идентичен вид, во март минатата година за време на првиот бран од пандемијата, јави дописничката на МИА од Атина.
Според податоците од Периферијата Атика и Центарот за управување со сообраќај на одредени булевари сообраќајот бил и за над 100 проценти поголем споредбено со претходниот карантин.
На три од најфреквентните сообраќајници во Атина, сообраќајот бил од 87,9 до 109,6 проценти поголем од оној на 23 март 2020 година, кога за првпат се воведе карантин во Грција.
– Тековните проценти регистрирани од Центарот за управување со сообраќај на периферијата Атика се импресивни и предизвикуваат загриженост, бидејќи ги споредуваме податоците за сообраќајот за време на два карантини од приближно ист тип, вели префектот на периферијата Атика Јоргос Патулис.
Вчерашните податоци, покажале и намалување за седум отсто на сообраќајот во споредба со средата, односно ден пред да стапат во сила новите рестрикции.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: За СДСМ нема црвени линии
-

Македонски државјанин загина во сообраќајка во Хрватска
-

На Ѓурѓовден сакал да ја ограби црквата Свети Геогриј – завршил заглавен на ограда
-

Џон Малкович стана хрватски државјанин
-

Наскоро електронски ќе се издаваат потврдите за извоз на тутун и вино
-

Захарова: Подготвени сме за преговори за Украина, предупреди на провокации во Европа
-

МВР на „SAHA Expo 2026“: Потврдена стратешката соработка со турската полиција
-

„Опен-АИ“ ќе потроши 50 милијарди долари за компјутерска моќ во 2026 година
