Бизнис
11. August 2017 - 20:07

Над 4500 илјади граѓани, приватни и државни фирми должат милиони евра за данок

Физички лица, активни и фирми во стечај, јавно претпријатија, општини, се најдоа на новата, десетта по ред листа должници на УЈП.

Нивните долгови се доспеани до 31 април 2017 и неплатени до 31 јули, а се по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

УЈП ги објавува имињата на физички лица и самостојните вршители на должност што се кои имаат долг повисок од 120.000 денари, додека кај правните истиот надминува 300.000 денари.

Прва на листата е компанијата Отекс со долг од 11,8 милиони евра. Втор најголем должник е Македонија пат со 7,4 милиони евра.

По овие следат трите некогашни компании за производство на автобуси на Мексиканецот со македонско потекло Ангел Кастиљо кои ги има на сите објавени листо на должници на УЈП досега. Заедно трите фирми должат близу 21 милион евра.

Со цел да го поттикне плаќањето на даноци УЈП најави дека ќе почне со објавувањње и на листса најдобри плаќачи на данок.