Над 42 проценти од населението во Романија влезе во категоријата „енергетска сиромаштија“
Над 42 проценти од населението во Романија влезе во таканаречената категорија „енергетска сиромаштија“, односно има проблем со плаќањето на месечните сметки, изјави Емил Калота, заменикот-претседател на Националната агенција за енергетско регулирање.
- Потребата од 100 киловат-часови месечно во домаќинствата претставува потреба, која ни покажува на кое ниво е економскиот и социјалниот развој, кој го имаме во селските региони. Да не ја заборавиме цифрата која сите ја знаеме, над 42 проценти од населението во Романија влезе во таканаречената категорија „енергетска сиромаштија“, односно луѓе кои имаат проблем со плаќањето на месечните сметки, објасни Калота.
- Од аспект на потребите за енергија, Романија во моментов има атипична структура, забележа заменик-претседателот на Националната агенција за енергетско регулирање.
Како што вели тој, во последните три години основниот потрошувач па енергија во сите форми - електрична енергија, природен гас, топлотна енергија и нафтени деривати, не е индустријата туку домакинствата.
- Со други зборови населението во Романија, во неговата социјално-економска структура - 49 проценти во селскиот регион и 51 процент во градовите, е основен потрошувач на енергија во Романија, забележа Калота.
Ново на Сител
-
Коцевски: Издадена наредба за приведување на седум нови полициски службеници за пожарот во Кочани
-
Едно лице повредено во сообраќајка во Аеродром
-
Затворена шахтата кај ТЦ Скопјанка во Аеродром
-
ИСВ: Путин има ресурси да води војна уште 12 до 16 месеци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
На БиХ поради Република Српска и се заканува финансиски крах
-
Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер