Над 40.000 пензионери користеле бесплатен железнички превоз
Над 40.000 пензионери го искористиле бесплатниот превоз во железничкиот сообраќај секој втор викенд во месецот, проект што Владата на Република Македонија го реализира од јуни 2014 година, информираше заменик-министерот за труд и социјална политика Диме Спасов кој денеска со членови на Сојузот на пензионери на Македонија отпатува со новиот воз од Скопје до Велес.
- Проектот за бесплатен превоз во железничкиот сообраќај го олеснува движењето на пензионерите, го подобрува нивниот стандард и им заштедува средства, истакна Спасов.
Тој потенцира дека со навремената исплата на пензиите, со нејзиното континуирано зголемување, со отворање на поголем број дневни центри, како и со реализација на проектите за бањско-климатска рекреација и бесплатен туристички викенд се подобруваат стандардот и условите на пензионерите во Република Македонија.
Претседателот на Сојузот на пензионерите на Македонија Драги Аргировски рече дека бесплатниот железнички превоз секој втор викенд е позитивно прифатен кај сите пензионери и максимално искористен.
- Можноста за бесплатен превоз придонесува за социјализација на пензионерите, но најважно од се е што се расположени и можат да понесат убави спомени од дружењето во возот, истакна Аргировски.
Според директорот на Македонски железници - Транспорт, Никола Костов, проектот на Владата за бесплатен превоз за пензионерите, како и за студентите е општо прифатен за сите и е максимално искористен.
Ново на Сител
-
Обвинителство бара од полицијата да провери информации за наводен контакт меѓу Универзитетот и Воениот синдикат во Белград
-
Тешка сообраќајка вечерва во Влае
-
Полиција за разбивање демонстрации пред Пионирски парк во Белград
-
Илјадници луѓе се собираат во Белград за утрешниот протест
-
Зеленски: Американски сателити може да гарантираат примирје во Украина
-
Дутерте преку видеоврска се појави пред судот во Хаг поради обвиненија за убиства
-
Киев: Подготвени сме да потпишеме договор за минерали, чекаме одлука од САД
-
Вучиќ за утрешниот протест: Ќе помогнеме во обезбедувањето на собирот, но одговорноста е на организаторите