Над 40% од граѓаните не слушнале дека Македонија добила помош во време на корона кризата

Над 40% од граѓаните велат дека не знаат дека Македонија добила помош од странство во време на корона кризата. Според најновото истражување на јавното мислење, кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје, 58,5% од граѓаните велат дека се информирани дека поради корона вирусот, во Македонија има пристигнато помош или донација од странство, додека 41,5% велат дека немаат такви информации.
18,6% од граѓаните велат дека најголема помош за Македонија очекуваат од Европската Унија, по 3,7% од НАТО и Турција, 2,7% од Словенија, 2,2% од Кина и по 2% од САД и Русија. 31,2% велат дека помош не очекуваат од никого.
Граѓаните сметаат дека на Македонија во моментов најмногу и треба финансиска помош. Ваков став имаат 39,7% од анкетираните. 24,8% сметаат дека најнеопходна во моментов е медицинската помош, 14,3% сметаат дека од меѓународниот фактор ни треба помош во стручен медицински персонал, 10,6% во лекови и 2,6% во храна.
Истражувањето на јавното мислење по нарачка на Детектор телефонски го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1123 испитаници во периодот од 21 до 24 април со маргина на грешка од плус-минс 3%.
Ново на Сител
-

Сиљановска: Не очекувам да се нарушат односите со Бугарија
-

Јотова загрижена за бугарскиот амандман за извештајот за Македонија - почна дебатата во ЕП
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Приведен 44 годишeн скопјанец за палењето на возилата на бугарската амбасада
-

Нова инвестиција во ТИРЗ Тетово вредна 21 милион евра ќе отвори речиси 500 работни места
-

Од денеска нема мерки за горивата, Пазарната инспекција подготвува нов извештај за цените во маркетите
-

Се затега монетарната политика, ќе поскапат кредитите
-

Се удави 20 годишно момче во Охридското езеро
