Свет
26. November 2015 - 8:46

ОН: Над 40 милиони млади од регионот на Сахел во Африка може да се радикализираат

Регионот на Сахел во Африка може да прерасне во извор на масовна миграција и центар за врбување и подготовка на терористи, доколку не се преземат мерки за решавање на социо-економските проблеми, предупреди специјалната пратеничка на ОН, Хирут Губре Селаси, на седницата на Советот за безбедност, пренесоа американските медиуми.

Селаси информира дека 41 милион млади до 25 години од Буркина Фасо, Чад, Мали, Мавританија и Нигер се судруваат со тешкотии за наоѓање работа и се во ситуација многу блиска до очај, што ги прави лесна цел за радикалните групи и шверцери со мигранти.

-Доколку не се направи ништо за да им се подобри образованието, да им се создадат работни места и можности за овие млади луѓе, Сахел ќе се претвори во епицентар на масовна миграција и центар за врбување од страна на терористичките групи, што ќе има сериозни последици врз целиот свет, посочи Селаси.

Таа, исто така, кажа дека владите од земјите на југот од Сахара се принудени да трошат огромен дел од своите буџети за справување со безбедносните проблеми.