Бизнис
10. July 2019 - 18:02

Над 40 километри регионални патишта во малешевијата реконструирани

Започна рехабилитацијата на дел од патниот правец Берово- Виница во вкупна должина од 11 км. На оваа патна делница, која според испитувањата била нај оштетана ќе се реконструираат и два моста. Со досега рехабилитираните патишта, Делчево- Пехчево и Делчево – Звегор, вкупно ќе се реконструираат 43 км.

- Со завршувањето на овој пат до крајот на август, веќе ќе имаме комплетно рехабилитирана патна инфраструктура во Малешевијата- изјави Зоран Китанов, директор на ЈП „Државни патишта“

Во Општина Берово во моментот се инвестираат околу 6 милиони евра, во патна и водоводна инфраструктура.

- За нас општините остануваат сериозен партнер врз основа на она што значи помагање од нас, како централна власт кон општините- изјави Горан Сугаревски, министер за транспорт и врски

Во меѓувреме се работи и на рехабилитација на патниот правец Берово –  граничен премин Клепало.

- Од особена важност и наша дамнешна желба е да патот Берово – Клепало конечно се рехабилитира и биде основен предуслов за граничниот премин Клепало, што ќе значи и отворање на општина Берово и Малешевијата кон Европа-изјави Ѕвонко Пекевски, градоначалник на Берово

Од бугарската страна на границата треба да се изградат 6 и пол километри, а од градоначалникот на Струмјани се дадени уверувања дека ќе обезбедат средства патот да биде завршен во предвидениот рок.