-->
-->
Над 39 милиони денари за општина Крива Паланка од концесијата за „Тораница“
-->
На сметката на локалната самоуправа на општина Крива Паланка се префрлени околу 39,5 милиони денари од концесијата која бугарски „Минстрој“ ја исплати на државата за рудникот „Тораница“.
Градоначалникто на Крива Паланка Арсенчо Алексовски рече дека со овие средства општината се раздолжи по речеси една деценија дефицит.
- Општината доби околу 39,5 милиони денари или 78 проценти од вкупната сума која концесионерот „Минстрој“ ја плаќа на државата за стопанисување со рудникот „Тораница“ . Со тоа, се раздолживме за првпат откако сум градоначалник, изјави Алексовски.
Тој додаде дека од наследениот долг на општината при стапувањето на функцијата градоначалник во 2009 година до денес долгот бил намален на 15 милиони денари.
- По овој прилив општината отсега ќе работи во позитива. Средствата ќе бидат вложени во подобрување на сите сегменти од општественото живеење на паланчани, ќе инвестираме во нови проекти кои ќе придонесат за подобар и попросперитетен живот на граѓанит, нагласи Алексосвки.
Останатите 22 проценти од концесијата остануваат во Буџетот на Република Македонија.
Инаку, Минстрој беше избран за нов концесионер на рудниците „Тораница“ и „Злетово“ на 24 март годинава, а договорот за стопанисување со рудниците беше потпишан на 6 април. При потпишувањето на договорот инвеститорот најави дека ќе ги врати на работа сите 1.000 вработени во двата рудника и дека дополнително ќе инвестира во нова и современа опрема со која двата рудника ќе работат успешно и профитабилно.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп: Ако не можеме да постигнеме договор, работите ќе станат непријатни за Иран
-
Бројот на жртвите во земјотресот во Мјанмар се искачи над илјада
-
Облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне
-
Обилни врнежи град го отежнаа сообраќајот на автопатот Скопје-Штип
-
Рокас: Судството мора да има средства и буџет за независна работа
-
Гутереш: Украина има легитимна влада
-
Трамп разговарал со претставници на Мјанмар, ветил помош за земјата
-
Рубио: Русија се согласува на прекин на огнот, но поставува услови