Над 3.000 бунтовници доброволно го напуштиле Алепо, соопшти рускиот генерал Познихир

Над 3.000 бунтовници денеска доброволно го напуштиле сирискиот град Алепо, изјави заменик началникот на Главната оперативна управа на Генерштабот на руските вооружени сили, генерал-потполковник Виктор Познихир, пренесе ТАСС.
-Од овие над 3.000 бунтовници, 1.524 се амнистирани и пуштени на слобода, а останатите се проверуваат, рече рускиот воен претставник.
Тој информира дека руски деминери деактивирале експлозиви во 307 згради, од кои 37 биле социјално значајни објекти. Проверени се и 30 километри патишта. Деактивирани биле 2.742 експлозивни направи.
Рускиот воен претставник изјави дека сириската армија успеала да ги избрка бунтовниците од сите квартови на Алепо, кои досега беа под нивна контрола, пренесе ТАСС. Тој подвлече дека руските воени авиони не го бомбардирале градот уште од 18 октомври.
Познихир додаде дека бунтовниците од Алепо убивале родители пред нивните деца како дел од мерките за заплашување на населението. Тој кажа дека сведоци раскажувале за овие кавги на бунтовниците со цивилите, осомничени за симпатии кон сирискиот режим.
Претставникот на руската одбрана подвлече дека над 108. 000 цивили биле евакуирани во безбедните делови на Алепо, дополнуваат британските медиуми.
Сириската државна телевизија, истовремено, соопшти дека првиот конвој од евакуирани луѓе од Источно Алепо веќе пристигнал до градот Рашидин, што се наоѓа во близина на Алепо и е под контрола на бунтовниците, пренесоа британските медиуми.
Ново на Сител
-

Уркиза: Со развојот на ВИ и дигиталните плаќања криминалот целосно ги брише границите, затоа соработката на полициските агенции е поважна од кога било
-

Голема победа на Силекс против Динамо Минск – Хасукиќ донесе триумф од 1:0
-

Нетанјаху: ИДФ ќе останат во Либан колку што е потребно, ние ќе ја одржиме воздушната супериорност
-

Првиот човек на ИДФ, генерал Ејал Замир: Борбата против Иран не е завршена, ќе следат големи операции
-

Претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас, ги објави парламентарните избори за 28 ноември
-

Арагчи ги предупреди САД да се воздржат од нови воени авантури
-

МВР со низа превентивни активности за безбеден сообраќај, спречување пожари и кражби
-

Пакетот закони за високо образование прифатени од матичната собраниска комисија, одат на натамошно читање
