Loading Video...
Македонија
14. March 2021 - 21:15

Над 300 деца заразени со Ковид-19 за само седум дена

Дали британската мутација на Ковид-19 го зголеми бројот на заразени кај децата. Последната неделна анализа на ИЈЗ покажува дека има 335 со позитивен тест и најмногу од нив се кај младите од 10 до 19 години. Оваа бројка е за дваипол пати поголема од податоците од 1 февруари кога имало само 134 случаи во оваа возрасна популација. Помалку заболуваат учениците кои одат со физичко присуство, за разлика од поголемите одделенија кои се онлајн и нивните дружби овој период продолжуваат во паркови и на игралишта. Тоа го потврдуваат и педијатрите, според кои добро е што најголем број од младите имаат лесни симптоми, но загрижувачки е фактот што вирусот го пренесуваат на баби и дедовци.

- Помалку се помладите до 7 години кај кои 50 проценти може да имаат позитивен тест а останатите некој од другите вируси. Но поголемите над 10 години е тие имаат симптоми речиси како кај возрасните со температура, малаксаност, главоболка, но ретко кој од нив има потреба од хоспитализација. Да бројот е зголемен и тоа се приметува, вели др. Светлана Смугреска, педијатар.

 Полицискиот час почнува од 22 навечер до 5 наутро, но претходно, младите го користат секој час за дружби и така доаѓа до ширење на вирусот.

И додека во многу земји од регионот размислуваат за уште построги рестрикции од сегашните бидејќи расте бројот на нови случаи, кај нас, здравствените власти велат дека засега оваа мерка е доволна. Нема најави за утре за состанок на Комисијата за заразни болести иако некои од градовите во внатрешноста бараат забраната за движење да почнува од 19 часот поради неконтролираното ширење на Ковид-19.