Над 27 проценти повеќе посетители во кината во 2015

Во 2015 година за 0,4 проценти бил зголемен бројот на филмски проекции во кината низ Македонија споредено со 2014 година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Бројот на посетители на кината, пак, минатата година во однос на предминатата бил поголем за 27,7 проценти.
Според податоците на ДЗС, во Македонија има 14 кина со вкупно 7.067 седишта и 125 вработени. Од нив, четири се во Скопје - две во Центар и две во Карпош.
Како што соопшти ДЗС, во 2015 биле прикажани 973 филмови: 87 домашни, 829 странски и 57 копродукции, а кинопретстави имало вкупно 14.849.
Посетители во сите 14 кина имало вкупно 529.616, од кои 502.988 посетиле странски филмови. Најголем број посетители (362.039) имало во кината во општина Карпош, а 101.103 во кината во Центар.
По скопските кина, со најголем број посетители следува киното во Битола (55.391), а најмал број посетители минатата година имале кината во Гевгелија (128) и Штип (171).
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Џелал Незири, политички аналитичар
-

Петти смртен случај од западнонилска треска во Македонија
-

Активни најмалку 11 пожари, најкритично кај струмичките села Баница и Водоча
-

Најголемиот дел од опозициските партии прифаќаат предвремени парламентарни избори
-

Лефков: Вистинскиот виновник Филипче не седи до нас, рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница
-

СДСМ ќе предложи 3 мерки за подобрување на состојбата на лозарите
-

Цените на бакарот уриваат рекорди, соседите профитираат, а кај нас капацитетите остануваат под земја
