Македонија
15. August 2020 - 16:48

Над 250 мигранти откриени за 24 часа во нелегален обид да минат низ Македонија

За помалку од 24 часа во неколку одделни случаи откриени се преку 250 мигранти .  Најголемиот дел од нив се пронајдени  на подрачјето на регионалниот центар Југ. Во првиот случај во близина на Демир Капија откриени се  92 лица. Во вториот,  откриена е група од 80 лица Мигрантите кои биле предмет на криумчарење полицијата ги пронашла во близина на Стоби  во камион  со скопски регистарски ознаки. Возачот е лишен од слобода.

Утрово,  случај на криумчарење мигранти регистрираше и струмичката полиција. Групата од 12 лица сместени во патничко возило Алфа Ромео била откриена на влезот во селото Дабиле. Возилото со бугарски регистарски ознаки го управувал 23 годишен жител на селото Банско. Возачот и на ова возило е  лишен од слобода и против него биде поднесена соодветна пријава.

Во последните неколку месеци обидите за криумчарење мигранти, но и за илегалните преминувања повторно стануваат секојдневна тема. Скоро и да не поминува ден, а полицијата да не регистрира некој нов обид за нелегален премин на границата.

Од јануари до јуни годинава спречени се 13.017 обиди за илегално преминување на државните граници, најмногу во текот на јуни 3.673 и во февруари -3.384 обиди.  Најголемиот  дел од обидите 10.885  се регистрирани на границата со  Република Грција. На  северната граница со Србија и Косово имало 1.461 , на источната граница со Бугарија  овој период спречени се 598 обиди, а на  западната граница со Р Албанија- 73 обиди за илегално преминување.