Македонија
11. јуни 2020 - 11:01

Над 160 нови случаи на коронавирус во земјава

Според неофицијални информации од Центарот за јавно здравје, изминатото деноноќие се дијагностицирани над 154 новозаразени со коронавирус, од кои дури 115 случаи се во Скопје, пишува Нетпрес.

Со тоа продолжува растот на бројот новозарзаени, откако во средата беа потврдени 125 случаи на инфекција со коронавирусот и рекордни седум смртни исходи. Така, без најновите податоци, за последните десет дена во земјата се  регистрирани 1.141 новозаразен и 31 починат.