Над 15.000 стразбуржани не можеа да гласаат на претседателските избори

Над 15.000 стразбуржани не можеа да гласаат на првиот круг од претседателските избори бидејќи беа избришани од гласачките списоци, јави дописникот на МИА од Стразбур.
Некои од овие 15.000 лица се уште живеат на иста адреса и имаа намера да гласаат вчера. Дел од нив имаа можност да се појават по итна постапка и да се жалат на нивното неоправдано бришење од гласчките листи, кои се ажурираат секоја година, но не се секогаш прецизни.
Од градот Стрзбур објаснуваат дека меѓу 2014 и 2015 година 30.000 гласачки легитимации им се вратија со назнаката „не живее повеќе на адресата“.
Појавата во Стразбур беше можеби најмасовна, но од извори на МИА дознаваме дека вакви случаи на бришење од гласачките списоци, имало и во други градови. Додека други гласачи добиле по две гласачки легитимации, но ако некој избирач гласал на две места во свои име ризикува казна затвор.
Ново на Сител
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Јотова и Ѓуров одат во вториот круг избори за претседател во Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
-

Тема на денот со Александар Миладиновиќ, новинар на Би Би Си на српски јазик
-

Секојдневие во голема беда и мизерија - руски рулет со животот во куќа која секој момент може им урне на главите
-

Неопходно е да се подигне свеста кај граѓаните за заштита на природата
