Балкан
11. September 2016 - 9:14

Над 15.000 лица протестираа прoтив нови мерки за штедење во Солун

Околу 15.000 луѓе излегоа вчера на антивладин протест во Грција поради планот на левичарската влада за воведување на нови дополнителни мерки за штедење.

Демонстрантите поминаа низ центарот на Солун, носејќи црни знамиња и слогани против актуелната влада на премиерот Алексис Ципрас, пренесува Танјуг.

Грција изминатите осум години се соочува со рецесија и моментално минува низ трет круг на мерки за штедење поврзани со пакетот меѓународна помош.