-->
-->
Над 1,3 милиони муслимани пристигнаа на аџилак во Саудиска Арабија
-->
Околу 1,32 милиони муслимани од целиот свет пристигнаа во Саудиска Арабија за годишното поклонение - аџилак, кое започнува утре, јави ДПА.
Речиси 1,24 милиони поклоници пристигнале по воздушен пат во Саудиска Арбија, каде е родното место на исламот.
Аџилакот е еден од петте столба на исламот. Неговото празнување е во недела, кога аџиите ќе се собираат на планината Арафат покрај градот Мека.
Саудиските власти ги зголемуваат мерките за безбедност за време на петдневното поклонение.
Над аџилак минатата година според саудиските податоци загинале 769 аџии, во стампедо за време на симболичниот ритуал со фрлање на камења во близина на градот Мека.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кривична пријава против полициски службеник за оддавање службена тајна
-
ФФМ отвори постапка поради нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија
-
Маск ја осуди одлуката на Францускиот суд против Марин Ле Пен опишувајќи ја пресудата како „злоупотреба на правосудниот систем“
-
30-годишна струмичанка нападната од женско лице по недоразбирање во сообраќајот
-
Претреси во Скопје, пронајдена дрога, одреден притвор за три лица
-
Полска и САД потпишаа договор за поддршка на системот „Патриот“ во вредност од речиси две милијарди долари
-
Откриени дилери на марихуана и амфетамин, поведена истрага
-
Полицијата трага по двајца штитеници од Јавната установа за згрижување деца