Свет
25. April 2019 - 10:41

Над 1.200 пожари беснеат во Полска

Над 1.200 пожари се регистрирани во Полска во изминатите денови.

Властите соопштија дека пожарите избувнале во изминатите два дена и зафатиле огромна територија.

Од почетокот на годината во Полска се регистрирани над 3.000 пожари. Бројот им е двапати повисок во споредба со истиот период минатата година.

Главна причина за пожарите е сувото време што ја зафати државата во изминатите неколку недели.