Бизнис
28. April 2018 - 17:49

Над 10 милиони евра за мали и средни претпријатија со повикот на фондот за иновации

Mикро малите и средни претпријатија од денеска ќе можат да аплицираат за државната поддршка преку Фондот за иновации. На располагање им се вкупно 4 мерки преку кои државата ќе покрие од 30 до 70 % од буџетот на нивните инвестициски проекти. Остатокот ќе треба да го обезбеди апликантот. Компаниите може да инвестираат во нови производи, опрема, технологија како и  изградба на хали и маркетинг. Пари се обезбедени и за оние кои ќе вработат млади лица и ќе ги пратат на усовршување во странство.

Евалуацијата на проектите ќе ја врши специјална комисија составена од надворешни експерти. Второстепена комисија за овој повик нема да има,.Вицепремиерот Анѓушев ги повика стопанствениците да ја искористат можноста и да ги засилат своите капацитети. Очекува економијата да забрза од вториот квартал и годинава растот да надмине 3 %.

Компаниите можат да аплицираат најдоцна до 11 јуни. Со овој повик  на располагање им се близу  3 милиони евра. Парите ќе им легнат на сметките најдоцна до крајот на јуни а следниот повик ќе биде објавен во јули.